Навивачите на Астон Вила му се налутија на Кристијан Бентеке и го продаваа на лицитација на „E-bay“ со почетна цена од 500 фунти, а напаѓачот ги изненади сите со потпишување на нов 4-годишен договор со клубот.
Белгискиот репрезентативец бараше да си замине од „Вила Парк“, дури влезе и во кавга и со клубот и со навивачите, но сепак дојде до неочекуван пресврт кај 22-годишниот играч, кој се одлучи да остане во Астон Вила.
Претходно дури беше истакната и цената за него, а раководството на тимот од Бирмингем бараше 25 милиони евра отштета од клубот во кој би заминал Бентеке. Потоа и навивачите му се заканија на Кристијан дека го чека „пекол“ без разлика на тоа дали ќе продолжи да игра за Вила или ќе замине. На крајот страстите се смирија, а црномурестиот член на белгиската репрезентација одлучи да остане во клубот од Бирмингем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“