| четврток, 6 декември 2018 |

Мамографот во општата болницата во Куманово не работи цела недела

Мамографот во општата болница Куманово не функционира една недела поради дотраеност и дефект, информираат надлежните од болницата. Пациентките од градот и соседните општини од североисточниот регион се упатуваат на скопските клиники.

Мамографот во кумановската болница се користи 21 година, а вработените од Кумановската болница информираат дека надлежните институции се запознаени со проблемот и дека ќе се преземаат мерки за набавка на дигитален мамомат. ­

– Мамографот престана да работи поради дотраеноста и се појави траен дефект. По последните мерења се покажа дека апаратот е неисправен и мореше да се стави вон функција, истакна доктор Славица Јакимовска, специјалист по радиодијагностика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top