Од големиот партиски собир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски говореше и за вложувањето во здравствениот систем.
-Во делот на здравството се изгради детската болница Козле, се отпочна со градба на нова Клиничка болница во Штип, инвестиција вредна околу 56 милиони евра. Се реконструира и доградува болницата во Струмица, во болницата во Битола се врши комплетна надворешна реконструкција на болницата, во тек е реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид. Исто така во тек е постапка за избор на изведувач на градежни работи за изградба на новиот ургентен центар во Општа болница Куманово. За период од само две години, се набавија вкупно 11 најсовремени дигитални мамографи за исто толку јавни здравствени установи низ државата. Клиниката за државна кардиохирургија функционира во комплетно нов простор, а се изгради и современ ПЕТ-центар- нагласи претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.