| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Во преамбулата да стои граѓани на Северна Македонија, македонски народ

На јавната расправа за уставните амандмани денеска зборуваше и професорот Владо Поповски, кој предложи во преамбулата, во новиот текст веднаш по граѓаните на Република Северна Македонија да стои македонскиот народ.

Прецизирањето македонски народ, според Поповски, е затоа што граѓаните на Република Македонија не се национален државен субјект туку се колективен субјект кој се бори за своја држава. Според Поповски, треба да стои и „граѓани кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, бошњачкиот и ромскиот народ, а не како што досега стоеше „граѓани кои живеат во нејзините граници’“.

Тој бара во преамбулата да стојат и решенијата од АСНОМ кои имаат конститутивно значење, а не да се употребува прогласот бидејќи тој, според него, е само информација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top