Познатиот македонски историчар и интелектуалец Владо Поповски во престижната едиција „Historia est“ на Книгоиздателството Макавеј од Скопје ја објави книгата со историски истражувања „Руската и советската надворешна политика и македонското прашање“.
Истражувањата на д-р Владо Поповски претставуваат тематска целина и тие ги третираат прашањата на надворешната политика на Русија и на СССР кон Балканот и, посебно, кон Македонија.
Поттик за нивното објавување и поставување во еден тематски контекст во ваква книга е постоењето на една помалку парадоксална ситуација. Имено, текстовите на Поповски веќе станаа факт од историографијата од странство, во прв ред, во Русија и во Бугарија.
Појавата на оваа книга сега во Македонија е полезна од повеќе причини. Прво, во Македонија, бројот на историчарите кои се занимаваат со надворешната политика на Русија е многу мал. За овие прашања се интересираат не само дипломати, новинари и историчари туку и пошироката јавност. Во тој поглед може да се констатира дека односот на Русија кон Македонија е важен дел од етаблирањето на националната посебност и националната свест кај Македонците а и кај другите балкански народи.
Трудовите кои ја сочинуваат оваа книга имаат голема улога во објективизацијата, деполитизацијата и демитологизацијата на односот на Русија и на СССР кон Македонија и улогата за рационално и конструктивно доживување и разбирање на руско (советско)-македонските историски и политички релации, се истакнува во препораката од Издавачката куќа Макавеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поповски: Во преамбулата да стои граѓани на Северна Македонија, македонски народ
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
За Русија сме и ќе бидеме Република Македонија