| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Поповски, секретарот на Општина Карпош

vlado
Денес наутро, по кратко боледување почина Владо Поповски, секретар на Општина Карпош. Владо Поповски беше долгогодишен политички работник и врвен професионалец. Во својата плодна политичка и професионална кариера тој беше министер без ресор во Владата на Република Македонија во периодот 2002-2006 година, во два мандати Секретар на Град Скопје и директор на ЈП „Водовод и канализација“.
Во последен период од својата истакната професионална кариера во два мандати, од февруари 2010 година, беше секретар на Општина Карпош. Во последниот период од својата богата политичка кариера беше член на Извршниот одбор и претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.
Најблиските на Секретарот Поповски ќе се збогуваат утре во Капелата на Гробиштата „Бутел“ со почеток во 11.30 часот а погребот ќе се изврши во 13.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top