„Прво ние дома да седнеме и да се договориме со ладни глави. Потоа, да ги реафирмираме нашите стратегиски позиции за евроатлантската интеграција – дали сме за интеграција. Веројатно ќе треба и овој народ да го прашаме што мисли, исто како што ќе го прашаме на референдум што мисли за компромис за името, кога би дошло време за тоа“, вели во интервју за „Република“, Љупчо Зиков од Алијанса за позитивна Македонија.
Зошто Ве посочуваат во ист кош со ВМРО ДПМНЕ?
Зиков: Хм, не знам, веројатно заради нашата позитивна енергија во моментов. Сум слушнал повеќе такви анализи..
Во една Ваша анализа велите дека опозицијата треба да го спречи одливот на своето членство. Колкав е тој одлив?
Зиков: Одливот на членството од СДСМ. Да, тие тези реално излегуваат од нивните кујни затоа што реално се заканува опасност голем дел да излезе од кај нив, а следната адреса, според нив, би им била ова движење или партија. Колкав е процентот, јас тоа не можам да го кажам, но можам да кажам дека ние со ништо не правиме за тие луѓе да излезат од таа партија. Ние во овој период немаме никакви изјави во таа насока. Ниту против СДСМ ниту против власта.
Целото интервју со Љупчо Зиков од Алијанса за позитивна Македонија прочитајте го во новиот број на неделникот Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!