Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Приштина има „црвени линии“ кои се напишани во косовскиот устав и дека секој што ќе ги премине ќе биде сменет.
Тоа истото, како што кажа, се случило и во минатото, со двата претходни косовски претседатели. Косовските медиуми наведуваат дека Харадинај со ова го „нападнал“ косовскиот претседател Хашим Тачи кој во име на Приштина го води дијалогот со Белград и кој спомна црвени линии.
„Знаете дека претседателите се сменети бидејќи го прекршија уставот. Имаме црвени линии, ги имаме во уставот на земјата“, кажа тој на конференција за новинарите по седницата на владата на која беше усвоен извештај за „достигнувањата и предизвиците“ во остварувањето на договорите постигнати во дијалогот за нормализација на односите со Србија.
„Она што го дадовме во овој извештај е вистинската состојба на достигнувањата, степенот на имплементација (на договорот), но и предизвиците. Мислам дека извештајот е добар одраз на она што се случи“, кажа Харадинај.
Косовскиот премиер истакна дека Косово ги одредило своите принципи во дијалогот со Белград така што нема да има поделба на територијата на Косово, ниту размена на територии или менување граници со Србија.
Харадинај кажа и дека постигнатите договори се спроведуваат делумно, но дека Приштина е силно заинтересирана за нивно целосно спроведување, бидејќи тоа е во интерес на Косово.
„Итно треба да се реши и прашањето на електричната енергија, бидејќи ставовите на Косово и Србија околу тоа прашање се познати“, кажа Харадинај. Тој повтори и дека конечната фаза на дијалогот треба да заврши со меѓусебно признавање.
извор: mkd.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Харадинај им изрази сочувство на тие што се залагаат за промена на границите
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели