| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткар без возачка – го фатија пијан (ФОТО)

Возачката дозвола на Марко Маринковиќ – Слаткар деновиве му била одземена во Охрид откако бил фатен како вози под дејство на алкохол. Униформираните лица не паднале на популарноста на раперот, туку совесно си ја завршиле работата за безбедност во сообраќајот. Слаткар плати казна од 150 евра, а возачката му беше одземена 17 часа.

slatkar dozvola

– Вистина е дека возачката дозвола ми беше одземена. Не пиев многу, но  беше доволно за апаратчето за мерење алкохол да покаже над дозволените 0,5 промили. По неколку часа ми ја вратија и секако платив казна. Тоа што сум познат не ми помогна да ја избегнам казната за возење под дејство на алкохол –  изјави Марко за „Вечер“.

Маринковиќ повторно може да вози низ охридските улици, а покрај тоа што ужива во летото и топлите денови ги поминува покрај езеро со девојката Сања Николиќ, тој се подготвува и за настапот на Градиште, што треба да се случи на почетокот на следниот месец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top