| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан се појавил со секира пред МВР барајќи си ги децата

Маж во алкохолизирана состојба на возраст од 52 години се појавил вчера на задната капија на Министерството за внатрешни работи од страна на улицата „Павел Шатев“, со секира во рацете. Околу 20.30 часот бил забележан од полициски службеник кој ја вршел својата редовна служба.

Според полицијата, се движел кон задната капија на министерството со секира во раката и удрил три пати во железната барикада.

– Откако полицискиот службеник побарал да се легитимира, лицето му рекло дека си ги бара децата и сакал да пријави настан по што ја фрлил секирата веднаш до оградата. Утврдено е дека се работи за А.Д. (52) со живеалиште во Скопје и тој е приведен во Полициската станица Центар. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top