| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Бекам и Харпер направија мешаница во утринска програма – дебелиот крај го изеде Питер Андре (ВИДЕО)

Фотографијата на која Дејвид Бекам (43) ја бакнува својата ќерка во уста (7), предизвика бура реакции во светот, а она што се случило во утринска програма навистина шокира.

Имено, однесувањето на Дејвид послужило како тема за разговор во британската утринска програма, со што во утринската програма ‘Добро утро Британија’ се видела сцената за која долго се прераскажува.

Телевизискиот водител Пирс Морган (53) го угостил пеачот Питер Андре (45) со кој меѓу другото го коментирал потегот на Дејвид Бекам.

Со обзир на тоа дека и Андре е татко, водителот го прашал, по негово мислење дали е нормално татко да бакнува ќерка во уста.

“Тоа го правев кога децата ми беа мали, сега не би го правел тоа. Го разбирам Дејвид и не го осудувам”, рекол пеачот, а Морган во истата секунда станал, му се приближил и пред камерите го бакнал во уста.

“Ова беше загрижувачко добро”, се пошегувал водителот, а Питер кој прво бил затечен, продолжил да се шегува и му рекол на Пирс дека има меки усни, како и тоа дека во нивниот бакнеж нема ништо лошо бидерјќи “тоа е љубов”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top