| четврток, 6 декември 2018 |

Германците луди по Застава 101 (ВИДЕО)

Иако одамна не се произведуваат моделите на Застава 101 се многу популарни во Германија од страна на тамошните колекционери. Босанецот Дино Чолиќ е колекционер на југословенски олдтајмери и
досега во Германија има увезено околу 70 возила од марката Застава.
Сите се во возна состојба, а најмногу се бара моделот 101. Тој може да се вози и во забранетите зони.
Во Германија има сертификат на олдтајмер и така може да влезе и во одредени зони без оглед на тоа што нема соодветен катализатор.

Германците најмногу купуваат 101. Нема проблеми со резервни делови бидејќи некои делови одговараат и од модели на ФИАТ или Фиќо. Mоже да се користат и делови од Yugo, некои делови се исти и со „пеглица“. „Деловите во Германија се поевтини отколку во земјите од бивша СФРЈ“, вели Чолиќ.

Неговата задача е да најде добро сочувани модели и тоа во земјите на бившите Ју републики. Најмногу купува во Словенија. Тие возила се најдобро сочувани и полесно е да се регистрираат во Германија.

Целата приказна за Чолиќ и олдтајмерите на застава можете да ј апогледнете во прилогот на Дојче Веле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top