| четврток, 6 декември 2018 |

Душебаев не заборавил македонски: Сакам со Келце да го достигнам тоа што го направивме со Вардар (видео)

Вардар утре го очекува натпреварот со Келце, кој може да даде насоки за вториот дел од сезоната. Во полскиот шампион играат двајца поранешни ракометари на Вардар – Алекс Душебаев и Лука Циндриќ.

Шпанскиот репрезентативец се радува на повторното доаѓање во Скопје и очекува нов интересен двобој како што беше во Полска.

„Многу сакам да играм во Скопје пред таква одлична публика. Очекувам интересен натпревар и сите ќе уживаме“, вели Душебаев.

За дуелот во Келце со Данил Шишкарев, Душебаев вели дека тоа било во жарот на борбата.

„Тој двобој со Данил беше во жарот на играта, ние по мечот се видовме и се е во ред меѓу нас“, вели најдобриот стрелец на Келце.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра утре во СЦ „Јане Сандански’ со почеток во 17:30 часот, а целосната изјава на Душебаев може да ја погледнете во видео прилогот.

Извор: Ракомет24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top