Вардар би играл со Динамо Тбилиси во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, но за тоа му треба огромна фудбалска сензација и елиминација на Стеауа, која има предност по првиот дуел со 3-0. Вардар, ниту пак некој друг наш клуб, никогаш не успеал да анулира таква негатива, но фудбалот понекогаш знае да приреди чуда од најголеми размери. Сепак, реалноста е поинаква, Вардар е послаб од романскиот шампион и речиси сигурно е дека Стеауа ќе му излезе на мегдан на грузискиот првак во двомеч од третата рунда. Динамо има огромна предност од 6-1 по првиот меч против аматерите од Фарски Oстрови, Стрејмур.
Раководството на „црвено-црните“ ги одреди и цените за реваншот со Стеауа на 23 јули на арената „Филип Втори“, а тие се изненадувачки високи по дебаклот од 0-3 во Букурешт. Вардар не им нуди извинување на своите симпатизери за мизерната игра и лошиот резултат, туку одреди цени од 150 денари за северна и за јужна трибина и 100 денари за место на западната трибина. Продажбата на билетите почнува денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.