| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени закани на црногорски пратеник: Јас на Вучиќ би му фрлил бомба (Видео)

За време на расправата во црногорскиот Парламент поедини пратеници упатиле закани до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Пратеникот на опозициониот Демократски фронт, Бранко Радуловиќ дофрлал за време на обраќањето на пратеникот на владејачката Демократска партија на социјалистите, Миодраг Вуковиќ, дека на претседателот Вучиќ би му фрлил бомба.

На снимката објеван во црногорските медиуми се слуша Радуловиќ го кажува тоа додека Вуковиќ зборува за предлогот за резолуцијата на владејачкото мнозинство со кој одлуките од Подгоричкото собрание во 1918 година ќе се прогласат за неважечки.

-Вие, опонентите на оваа резолуција, одете по мислењето на Белград, кај Александар Вучиќ, српската Влада, таму ви е центарот – рекол Вуковиќ.

Тој тоа го порачал обраќајки се на пратениците на Демократскиот фронт.

-Јас би му фрлил бомба – се слушнал глас во позадина за кој црногорските медиуми наведуваат дека е на Радуловиќ.

После тоа следувало смеење од пратениците кои седеле околу Вуковиќ.

-Ете, јас не би,професоре – рекол Вуковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top