На британската актерка Ема Томсон во реалниот живот ѝсе случила сцената во филмот „Всушност љубов“, кога таа ќе го најде ѓерданот за друга жена кој го купил нејзиниот сопруг, а нејзе ќе ѝ подари ЦД од Џони Мичел за Божик. Тоа е една од најтрогателните сцени во филмот, кога Карен, ликот кој го толкува Томсон, оди во спалната соба и плаче, додека свири „Both Sides Now” од Мичел.
Актерката изјавила дека поминала низ нешто слично во приватниот живот, со сега веќе поранешниот сопруг Кенет Бранаг, кој имал љубовна афера со актерката Хелена Бонам Картер.
– Сцената во која мојот лик стои покрај креветот и плаче, е многу уверлива, бидејќи јас поминав низ нешто случно во мојот живот. Кен ми го скрши срцето на сличен начин. Затоа знаев како е да најдеш ѓердан кој не е наменет за тебе – изјави Томсон за „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)