| четврток, 6 декември 2018 |

Бодрум под вода – автомобили јуришаат кон морето како играчки (ВИДЕО)

Турското одморалиште Бодрум во југозападниот дел на провинцијата Мугла денеска беше зафатено од  град и поројни дождови. Надојдените води ги несоа автомобилите и целосно го поплавија градот. Врнежите почнаа во утринските часови и се засилија  попладнeто, претварајќи ги улиците во езера и надојдени реки. Видеата на социјалните медиуми покажуваат надојдени  реки кои ги носат автомобилите. На фотографиите се гледат познатите  локации во одморалиштето Бодрум, како трговски центар Оаза, речиси непрепознатлив, кон кој жителите се  пробиваат низ длабока вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top