Фронтменот на легендарното Бијело Дугме, Горан Бреговиќ отворено раскажал за дрогата во 70 тите и 80 тите како и неговите проблеми со овој порок. Тој признал дека веќе на 18 години имал проблем со кокаинот кој понекогаш за да го плати му го фактурирале како цвеќе или колачи.
– Имав проблем веќе на 18 години. Мајка ми ме забележа и морав да и ветам дека веќе никогаш нема да свирам.
Бреговиќ открил и дека кокаинот понекогаш му го набавувала неговата издавачка куќа.
– Кога приватник ја купи издавачката куќа Југотон, која ги издаваше албумите на Бијело дугме, ги отворија книгите и најдоа на сметките на Бијело дугме од Лондон големи суми на име „flowers and sweets“. Мојот кокаин се фактурираше како цвеќе и колачи, раскажува Бреговиќ во интервју за Недељник.
Една од најголемите афери во тогашната естрада беше апсењето на тапанарот Ипе Ивандиќ со уште две лица за препродажба на дрога.
– Ипе навистина ја стави дрогата во тапаните, и тоа ни помалку ни повеќе туку три килограми. Тоа судење беше претерано , веројатно сакаа преку еден Ипе да воспитаат милиони други. Тој од тоа излезе како голема жртва, по што никогаш не се опорави. Оваа афера ми падна најтешко, зашто некој падна како жртва, додал Бреговиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бреговиќ без „задршки“ за дрогата, алкохолот, порно филмот…
-
Имате најдобар сосед кој утре пука во вас, бидејќи сте друга вера – Бреговиќ ја објасни бесмисленоста на војната!
-
Бреговиќ: Татко ми е католик, мајка ми Србинка, а жената муслиманка. На кого требаше да пукам?
-
Бебек за Бреговиќ: „Тој е балкански примитивец“