НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Издавачкиот центар ТРИ организираат средба со една од најпопуларните македонски авторки, Винка Саздова, и промоција на нејзиното творештво, што ќе се случи на 05.12.2018 (среда), во Салата за промоции, со почеток од 12 часот.
-На оваа прва средба на Винка Саздова со битолската публика ќе имате можност да се запознаете одблизу со авторката чии романи допреа до илјадници читатели во Македонија, но и пошироко. За творештвото на Саздова ќе говори уште еден наш истакнат автор, проф. д-р Венко Андоновски, велат организаторите.
Винка Саздова е автор е на романите „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик.
Двапати ја има добиено наградата „Најчитан автор“ – во 2012 г. од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Основач е на Издавачки центар ТРИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.