| четврток, 6 декември 2018 |

Винка Саздова прогласена за најчитан автор во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевни разговори со Винка Саздова, добитник на Плакетата за најчитан македонски автор во библиотечната мрежа на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски а делови од творештвото на Саздова ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Чествувањето ќе се одржа на 8 октомври (четврток) 2015 година, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.

Винка Саздова е родена 1956 година. Има завршено Фолозофски фаултет во Скопје, група психологија. Била новинар во културните радакции на дневните весници Вечер и Република. Работела во издавачките куќи „Култура“ и ЗУМПРС. Основач е на Издавачкиот центар ТРИ, каде што работи како главен уредник. Автор е на романите Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа. Преведена на српски, хрватски и бугарски јазик. Добитник е на наградата „Најчитан автор“ што ја доделува НУБ „Св. Климент Охридски“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top