Бурни реакции во јавноста предизвика снимката која се појави вчера, на која за време на седницата на загадувањето градоначалникот Петре Шилегов беше фатен како игра на мобилен.
Покрај Шилегов, на тапет беше ставен и Јани Макрадули, заменик министер за животна средина, кој на фотографијата заспал за време на седницата.
Сепак, Макрадули демантира дека спиел за време на седницата, туку едноставно бил фотографиран во положба додека чита, а како што вели, фотографијата била обработена, со цел да му се наштети.
-Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен. Но, тоа мене нема да ме поколеба во борбата за чист воздух и реализирањето на планот за чист воздух. Очигледно на некој му смета и тоа што се договоривме со опозицијата заклучоците да ги градиме заедно. Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал – изјави тој.
Во врска со критиките од страна на репрезентативниот ракометен голман, Борко Ристовски, кој порача дека однесувањето на Макрадули и Шилегов е срамота и брука, додека Македонија се гуши, заменик министерот вели дека не го познава Ристовски и затоа нема да го коментира.
-Не го познавам човекот и немам коментар за непознати – порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.