На Јани Макрадули му било нудено преку партијата да му се најде работа, но останал невработен. Зоран Заев потврди дека Мухамед Зекири е на платниот список на СДСМ.
По четиридневниот молк од СДСМ, најголемата опозициска партија конечно потврди дека Мухамед Закири е на партискиот платен список. Информациите што беа објавени уште во саботата, дека новинарот кој за 24 часа се трансформираше од независен во член на Централниот одбор на СДСМ е на платен список на СДСМ, се покажаа точни.
Ваквите информации лично ги потврди првиот човек на партијата Зоран Заев, кој во своето вчерашно интервју за НОВА ТВ изјави дека на Зекири “му дале плата за да не му ги оставеле децата гладни откако се одважил и ја напуштил работата за да помогне“.
-Зборувајќи за Мухамед Зекири, како тоа наеднаш влегол во СДСМ, па сме му дале и плата, што да ги оставме двете деца дома гладни, па напушти работа човекот и вика политички се активирам да помогнам. Негова одлука е, има вредност и кај Албанците и кај Македонците и кај Србите и кај Ромите и кај Бошњаците. Тоа е политика на отворени врати, еден од кадрите е и сега требаше да го оставиме без леб да му бидат децата за тоа што се одважил, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)