| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа превирањата во СДСМ: Макрадули распали на „Фејсбук“

Откако пред неколку дена поранешниот потпретседател на СДСМ Зоран Јовановски отворено застана против опозициските пиолитики и даде поддршка за концептот на екстерното тестирање, притоа понудајќи предлози за негово унапредување, денеска поранешниот пратеник Јани Макрадули преку својот Фејсбук профил распали по раководството на партијата.

-А на кој шалтер се купува монопол на вистината во опозицијата? Мислам на оние кои за надокнада се наводно опозиција, за разлика од 2011-та кога беше добро во опозицијата да има различни мислења. И Вие мислите дека помагате во борбата против Груевски?, напиша Макрадули.

pom

Ваквата реакција на Макрадули јасно покажува дека во опозициските редови владееат големи превирања и несогласувања, наспроти лажната слика која во јавноста партијата сака да ја претстави. Високи социјалдемократски функцоонери го креваат гласот поради незадоволството од раководството на пaртијата, чија нервоза од се поизвесниот пораз на следните избори кулминира, што се покажа и денеска во Законодавниот дом.

СДСМ иако очајно се обидува да влијае позитивно врз демотивираното и апатично членство, сепак наместо резултати само се продлабочува агонијата во опозициските редови, што воедно се потврдува со денешната реакција на Макрадули, кој смета дека во 2011-та година било добро во опозицијата да има различни мислења, за разлика од сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top