Во случајот со строго доверливиот документ од УБК врз основа на кој судот одреди притвор за поранешниот
министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а кој беше оквалификуван како белешката со невистинита
содржина од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, многу е важно да се каже кој дал налог за да се следи или прислушува претседателот. Ова според универзитетскиот професор на Воената академија Оливер Андонов е клучното прашање што треба да и се одговори на македонската јавност.
- УБК мора да влезе во сериозен процес на реформирање. Целокупниот безбедносен систем има потреба од реформирање, со цел граѓаните да имаат доверба и гаранција за безбедност. Нејасно е зошто се следеле комуникациите во кабинетот на претседателот – вели Андонов за „Магазин“.
Треба да се знае кој раководи со безбедносниот систем во државата, додава Андонов. Прашањето, вели тој, е како да се направи служба која навистина ќе им служи на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Оливер Андонов: Оваа влада е подготвена да прифати се што ќе и се понуди од Грција
-
Андонов: СЈО одработува за СДСМ, нема ниту еден случај против СДСМ и ДУИ
-
Андонов: Филмските сценарија се дегутантни, „Јасен“ останува природен резерват
-
Андонов: Спасовски ги погазува елементарните законски норми врз кои почива МВР