| четврток, 6 декември 2018 |

Андонов: СЈО одработува за СДСМ, нема ниту еден случај против СДСМ и ДУИ

Во вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевзија, гости беа Оливер Андонов, универзитетски професор и аналитичар и Петрит Сарачини, активист на Сорос Македонија и учесник на „шарената револуција“. Андонов уште еднаш воочи со логички факти дека СЈО одработува за СДСМ и дека тоа е очигледно за целата јавност, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги добило изборите, иако се наоѓало под жесток политички прогон.

– СЈО не беше проблем за ВМРО-ДПМНЕ, зошто ВМРО-ДПМНЕ би го гласале СЈО да влезе во законска процедура ако сметаше дека ќе му биде проблем, очигледно е дека никој од ВМРО- ДПМНЕ не се смета себе си за виновен и посебно не се согласува со инсинуациите на одредени групи дека се работи за криминална група, истакна Аноднов.

Тој додаде дека СЈО одработува за СДСМ, но и дека Заев селектирано објавуваше ги објавуваше бомбите:

– Зошто не ги објави сите факти кои ги има за Зоран Заев? Зошто не ги објави фактите за ДУИ? Него престана со тоа, вели Андонов.

Андонов потенцираше дека од досега виденото имаме креирани истраги-случаи само против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и дека се работи за класичен политички прогон и состојба која се создаваше за ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да ја изгуби власта, иако очигледно е дека граѓаните на Република Македонија повторно во мнозинство гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top