Општинските власти на Струга, на чело со градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко решиле за 28 Ноември, Денот на албанското знаме, во градот да бидат поставени само албански знамиња. Низ градот нема поставено ниту едно македонско знаме.
Законот за употреба на знамињата за кој гласаше и ДУИ во Парламентот, предвидува секогаш кога ќе се истакне албанското знаме да биде задолжително истакнато и македонското знаме.
-Според Законот, граѓаните припадници на заедница која е мнозинство во одредена општина своето знаме може да го истакнат пред објектите и органите на единицата на локалната самоуправа, со тоа што постојано треба да биде истакнато и знамето на Република Македонија.
Мнозинската заедница своето знаме пред и во објектите на органите на државата, јавните служби и правните лица основани од државата, јавните служби и правните лица основани од единицата на локалната самоуправа, на улиците, плоштадите и други инфраструктурни објекти, покрај знамето на Република Македонија го истакнуваат и своето знаме за време на државни и други празници, стои во Законот за употреба на знамињата.
Законот исто така, предвидува и казни за неистакнување на македонското знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.