Од денеска Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието, но со него и две албански знамиња. Имено, утринава се појави фотографијата на која Претседателот на законодавниот дом седи на претседателското столче, а пред него на работната маса покрај знамето на Република Македонија и на Европската унија го стави и албанското знаме. Но, покрај тоа уште едно албанско знаме е поставено во кабинетот.
Така од денеска во кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија има две албански знамиња, а едно македонско.
Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Талат Џафери во четвртокот на незаконски, неделовнички и нелегитимен начин беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.