Сите знамиња на земјите учеснички на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ-КОСАП, која се одржа денеска во Собранието на РМ, биле трганти на страна. Ваква одлука на организаторите следувала по реакцијата на српската делегација, која негодувала за поставеното знаме на Косово.
Претседателот на комисијата за европски прашања , Артан Груби појасни дека српската делегација реагирала до Секретаријатот на Конференцијата во врска со знамето на Република Косово, а претходно пратениците од косовскиот Парламент за време на дискусијата изразија незадоволство поради тоа што, како што кажаа, било тргнато нивното знаме од конференцијата.
– Секретаријатот ги отстрани сите знамиња, на сите земји учеснички на конференцијата и на тој начин се реши таа ситуација, изјави Груби. Негово лично мислење е дека потегот е нелогичен затоа што, како што додаде, во духот на едно кохезивно барање на сите земји од Западен Балкан за зачленување во евроатланската интеграција треба да се почитуваме еден со друг и заеднички да чекориме на тој пат.
извор:макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.