| четврток, 6 декември 2018 |

Стјепан заспа на каучот кај градоначалникот (ФОТО)

Видно уморни по едноиполчасовниот концерт, Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ, сепак одвоија малку време да ги испочитуваат новинарите. Но, пред тоа, долгокосиот шармер Стјепан буквално одмори нозе на каучот во холот на прилепската општина.

stjepan 2 cellos

Двете виолончела експлозивно го отворија 11. по ред „Пивофест“. Дека енергичните рок- песни изведени на класични инструменти им се допаднаа на прилепчани и нивните многубројни гости зборува и фактот што хрватското дуо „Ту челос“ (2cellos) три пати се врати на бис.

luka 2 cellos

Едно е сигурно, не само што им се допадна фестивалот, им се допадна и македонското пиво. Како што самите признаа, сигурно ќе се напијат по уште едно пред спиење.

2 cellos

Иако имаат соработувано со многу вистински ѕвезди, а беа дел и од турнејата на сер Елтон Џон, и светски познатите музичари, како што се Стјепан и Лука, имаат свои неостварени желби за соработка.

– Би можеле со Стинг, тој има баш онака, убав глас. Тој би бил еден глас ние две чела… А не би се бунеле ни Ролинстоунси ако посакаат – вели Стјепан.

2 cellos 2

По настапот на „Пивофест“, ги очекуваат настапи во Босна и Херцеговина, Германија, Италија, САД. Ова е втор пат да ја посетат Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top