| четврток, 6 декември 2018 |

“2 Cellos“ доаѓаат во Македонија

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 19ти октомври годинава, во ВИП Арена.

„Ту челос“ за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top