| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан Борко Стефановиќ, еден од лидерите на српската опозицијата (видео)

Лидерот на политичката партија Левица на Србија, Борко Стефановиќ, вечерва во Крушевац пред почетокот на трибина на Сојузот за Србија беше нападнат од неколку мажи, кои на биле со фантомки и бил претепан со дрвени палки, објави „Блиц“.

Тој бил нападнат пред месната заедница во која треба да се одржи трибината. Напаѓачите, како што пишуваат српските медиуми го чекале таму, а покрај него, повредени се уште тројца други членови на партијата.

Како што пишува „Блиц“, Стефановиќ бил удиран со дрвени палки, по што паднал и удрил во метална решетка. Веднаш потоа бил однесен во болница.

Од Сојузот на Србија сметаат дека станува збор за политички реваншизам од членови на партијата на Александар Вучиќ. Тие требало да одржат трибина во Крушевац , кога биле нападнати од лица со качулки на главите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top