Еден тинејџер е убиен, а две лица се повредени во престрелка во трговски центар во Алабама, пред распродажбата за „Црн петок“ .
Локалните власти соопштија дека претсерлката се случила половина час после 21 часот по локално време во четврток навечер, во Риверчејс Галерија во градот Хувер. Полицијата истакна дека расправија меѓу двајца тинејџери резултирала со отворање оган. Еден тинејџер избегал, но се судрил со двајца полицајци од Хувер.
Полицискиот капетан Грег Ректор рече дека полициските службеници „пукале во тинејџерот и бил мртов на лице место“.
Другиот тинејџер е хоспитализиран во тешка здравствена состојба. Ректор додаде дека во престрелката е погодено и 12-годишно девојче кое исто така е хоспитализирано.
Трговскиот центар Риверчејс Галерија е затворен на неодредено време.
Someone posted this shooting in the mall at river riverchase Galleria in Hoover Alabama on Thanksgiving pic.twitter.com/3WczyXqu7A
— NIKKI (@braxtonthings) November 23, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)