| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Севиќ: Дарко е роден победник, така ќе биде и овој пат ( Видео)

Се уште законската сопруга на пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ во емисијата на Огнен, Амиџи Шоу зборуваше за сите написи во медиумите кои одекнаа по сообраќајната несреќа и неговата борба за живот. Пејачката кажа дека таа не е причината за несреќата, односно дека последен пат кога се слушнала со Дарко било за да му ја честита веридбата, на што тој одговорил дека не е вистина. По што искоментира дека не се мажи и засега иако има сериозна врска и цела година не е повеќе со Дарко нема планови за свадба. Ана исто така истакна и дека е запрепастена од пишувањата во медиумите, бидејки како што вели таа нејзиниот однос со Дарко е пријателски и дека никогаш не станало збор дали таа воопшто треба да оди во болницата да го посети и дека секогаш за него би била тука, во било која ситуација. Пејачката не ја коментираше моменталната здрваствена состојба на пејачот, но се заблагодари на сите лекари и персоналот во „КБЦ Земун“, за грижата кон Дарко и медумскиот притисок. Таа истакна дека се надева оти Дарко и од ова ќе излезе како победник, бидејки тој е роден победник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top