| четврток, 6 декември 2018 |

„До балчак“ му го скрати хонорарот на Сашко Коцев

Продукцијата “Триангл филм” е куса за уште околу милион и пол евра, а веќе дел од екипата поднеле тужби за исплата на дел од хонорарите и персоналниот данок, објави весникот „Вечер“.

Овој долг е направен главно поради пролонгирањето на снимањето, кое место десет недели, траеше 17, па и трошоците се зголемиле.
-Односот во врска со персоналниот данок беше најперфидното и најнавредливото нешто. Ние потпишавме договори за нето хонорари, а всушност излегоа бруто. Можеа едноставно да ни кажат дека нема толку пари колку што се планирани и ние да се согласиме да играме за помали хонорари, како и што се согласивме, а во име на еден Данчо Чевревски кој ни беше декан на ФДУ и ни помагаше многу како студенти, вклучувајќи ме и мене, и, се разбира, во име на Столе Попов кој е еден од најдобрите режисери во Македонија.
Мене ме теши што очекувам навистина филмот да испадне многу добар, па си реков парите се мала жртва доколку филмот испадне таков каков што очекувам, односно уште едно прекрасно дело на Столе Попов”, ни рече актерот Сашко Коцев кој го игра ликот на Крсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top