| четврток, 6 декември 2018 |

„До Балчак“ на фестивали ширум Европа

Филмот „До Балчак“ на режисерот Столе Попов, на 13 февруари имаше проекција на овогодинешното издание на „Балкан њу филм фестивал“ фестивал посветен на исклучителните и најнови остварувања од различни автори од Балканот којшто се одржа во период од 12-16 февруари во десет градови ширум Шведска и Норвешка.

Во март, префилмот е предвидено да земе учество и на други европски фестивали. На 5 март „До Балчак“ ќе биде прикажан во рамки на 10. „Денови на Балканот“, што се одржува во период од 26 февруари до 12 март во Минхен, Германија. Освен богатата филмска програма составена од најуспешните проекти од Балканот, гостите на фестивалот ќе имаат можност да уживат во богат избор на концерти, изложби, музика, театар и сл.

Филмот ќе има и своја проекција во рамки  на Фокусот на македонски филм, организиран во рамки на престижниот Меѓународен филмски фестивал „Фебиофест“што ќе се одржи од 17 до 25 март, во Прага, Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top