| четврток, 6 декември 2018 |

Ја нокаутираше убавата водителка во живо, па ја викна на состанок – доби „корпа“ (Видео)

Се појави новo видео доказ дека репортерската работа не е воопшто лесна.

Во тоа се увери и новинарката на EPSN, Лаура Ретлиџ која за среќа остана неповредена по судирот со двајца рагбисти. Играчите беа во жесток дуел, а таа известуваше покрај самиот тревник, па корпулентните момци налетаа на неа и таа за миг се најде на земја.

Еден од играчите вмешани во инцидентот, Прејтер Хадсон на Твитер и се извини на новинарката и ја повика на состанок во знак на извинување.

Сепак „доби корпа“, Лаура му врати дека е мажена за ѕвездата на безболот во САД, Џос Ретлиџ.

ТопСпорт.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top