Почитувани судии од Апелациониот суд, издигнете се над состојбата во која сте на сила втурнати, земете ги предвид аргументите на одбраната при носењето на одлуката и исправете се над театарската претстава наречена притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за покривање на неспособноста на оваа власт, повика портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиловски на денешната прес-конференција.
Стоиловски рече дека судството и правдата повеќе не смеат да бидат покритие за хунтата, за нивните злодела, криминал, политички терор. Судиите повеќе не смеат да бидат дел од театарот за замајување на јавноста и прикривање и неспособноста на хунтата да се справат со реалните проблеми на граѓаните.
-Република Македонија до сега немала понеправедно општество, со кое владее хунта на неспособни но и незаменливи. Апелациониот суд ја има можноста за покажување трошка пркос и волја за демократија со тоа што нема повеќе да дозволи притворот да биде замена не само за казна – туку и за затскривање на властодршците.
Незаменливоста на Оливер Спасовски го претвори ова општество во притвор, рече Стоиловски и потсети дека се уште лебдат во воздухот решени случаи за убиства, за пукотници среде центарот на Скопје, дека нема постапки за криминал по допрен глас, нема контрола врз злоупотребите на системот за безбедност кој наместо со реалните предизвици се занимава со Кабинетот на претседателот на државата, со фингирање на податоци во службени белешки класифицирани како Строго доверливо, а кои што се цитираат во јавноста и се користат во судствот.
-Македонското општество заради неспособноста на оваа власт се претвори во реално шоу Притвор, во кое секој може да биде притворен само за дефокус од реалните проблеми.
Сето тоа го турка македонскиот правосуден систем не на дното, туку во мислена именка.
Оттука, правичната одлука на апелационите судии со преиначување, а во врска со мерката притвор за Јанакиески и Божиновски, изречена по цели 18 месеци редовно испочитувани претходно изречени мерки, како и редовно присуство на судските рочишта, ќе значи и блесок на правичност, блесок на самостојност, блесок на верба во македонското судство, момент на раскинување на пупката во која Заев го затвори судството. Тоа ќе значи и трошка надеж и верба во неселективноста на првото и правдината за притворените за случувањата од 27 април, чија што судбина е на тезгата на политичките пазари на сметка на самостојноста на правосудството и судската доблест, заврши Стоиловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)