Парагвајскиот шампион Олимпија го доби првиот меч од финалето на Копа Либертадорес со 2-0 против Атлетико Минеиро, а навивачите на домашниот клуб со камења го гаѓаа фудбалскиот ас Роналдињо. Силва и Питони беа стрелци за вредна победа на Олимпија, а за среќа никој од публиката не беше прецизен во фрлањето со камења по Роналдињо.
Во Јужна Америка има многу страст, престиж, па и огромна нетрпеливост на фудбалските натпревари, па можеме да замислиме каков ќе биде пречекот за Парагвајците во Бразил во реваншот. Бело Хоризонте ќе гори од желба за одмазда и за поразот на Атлетико и за неспортското однесување на навивачите на Олимпија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


