| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ до Заев: Треба да кажете како го пуштивте Груевски да избега и зошто толку доцна распишавте потерница (ВИДЕО)

Првото прашање што треба да се постави за бегството на Груевски од Македонија е токму тоа – како излезе Груевски од Македонија. Нема што да ги прашувате Албанија, Црна Гора и Србија, смета претседателот на Србија Александар Вучиќ, обивнет дека му бил главниот јатак на Груевски во бегството.

Претседателот Вучиќ, кој синоќа гостуваше во емисијата „Кирилица“ на ТВ Хепи, изнесе официјални транскрипти, според кои Груевски ја преминал границата со Албанија со легална лична карта и дека за тоа знаеле македонските власти и МВР.

– Меѓународната потерница по Никола Груевски е внесена во нашиот систем три дена по бегството. Дури на 14.11. Па кого зезате сите? Барате од Србија да апси лице по кое нема потерница? Па што сме ние, диво племе, па да апсиме лице по кое не е распишана меѓународна потерница?! Наместо да се прашате кого сме пуштиле, кажете зошто олку чекавте за да распишете потерница. 

Вучиќ: Груевски во Унгарија влезе преку Србија на Хоргош, немаше потерница

Прашан кога последен пат се слушнал со Груевски, Вучиќ рече дека тоа било за време на нередите во Собранието кога „Груевски од Виена го молел да апелира за смирување на ситуацијата“, а потоа уште еднаш разговарале во врска со Европската народна партија.

За жал, не сме во близок контакт. Ниту со него, ниту со некој од неговите луѓе.

Српскиот претседател кажа и дека со македонскиот премиер Зоран Заев има нормална комуникација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top