Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Унгарија од Србија на граничниот премин Хоргош.
Во емисијата Кирилица на ТВ Хепи Вучиќ изјави дека Никола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.
За оние кои велат дека за случајот со Груевски треба да се прашаат Албанија, Црна Гора и Србија, Вучиќ одговори дека вистинското прашање е како тој излегол од Македонија и дали Македонија тогаш го има гонето или не.
Тој детално објасни што се случувало со Груевски.
– На 11 ноември, во текот на ноќта, некаде помеѓу еден и два, немаме официјални податоци, лицето Никола Грувески влегува на територијата на Албанија во придружба на две лица од унгарска националност, се легитимира. Потоа влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со регуларни документи, со лична карта и со пасаван (пропусница) издадена во унгарската амбасада во Тирана.
Потоа, на 12 ноември, некаде околу 22.30 тој влегува на преминот Гостун во Србија со регуларна лична карта издадена во Скопје, во придружба од истите две лица, Јожев Золтан и Фелеѓи Хази, а во 05.11 часот ја напушта Србија на преминот Хоргош со пасаван (пропусница, travel document) бр. 100.501 издаден во Тирана на име Груевски Никола, со лична карта и во придружба на лице со дипломатска патна дозвола во својство возач на дипломатско возило и дипломатско возило, наведе Вучиќ.
Тој истакна дека во тој момент не постои потерница по Груевски.
-Дури на 13.11 во 19.35 часот од Интерпол Скопје ни е испратена меѓународна потерница. Значи да го застанавме, тоа би било киднапирање на Груевски од наша страна, рече Вучиќ.
– Меѓународната потерница по Никола Груевски е внесена во нашиот систем три дена по бегството. Дури на 14.11. Па кого зезате сите? Барате од Србија да апси лице по кое нема потерница. Па што сме ние, диво племе? Да апсиме луѓе по кои не е распишана потерница?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)