| четврток, 6 декември 2018 |

Ремек дело на Барди, Македонија води со Гибралтар (видео)

Македонската фудбласка репрезентација целосно доминира на мечот против Гибралтар на националната арена „Филип Втори“. Од 27. минута Македонија води со 1-0 со голот на Енис Барди.

Фудбалерот на Леванте демонстрираше уште една мајсторија од својот репертоар постигнувајќи феноменален погодок од десната страна, откако претходно луцидно се ослободи и од својот чувар.

фото: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top