| четврток, 6 декември 2018 |

Пет дена до детската Евровизија 2018: Марија Спасовска пристигна во Минск (ФОТО+ВИДЕО)

Пет дена не делат од детската Евровизија во Минск, Белорусија, на која оваа година ќе не претставува 13-годишната Марија Спасовска од Скопје со песната „Дома”. Песната на Марија испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот.

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.

Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2018

 

Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атаакуваме на повисоките позции со песна на Дарко Димитров и Елена Ристеска.

Се подготвуваме за детската „Евровизија 2018“, Марија со беспрекорна креација

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top