| четврток, 6 декември 2018 |

„Бојкотирам“ со соопштение: Хунтата со провокатори сака да го оцрни протестот, снимете ги и не наседнувајте на провокации

По повод вечерашниот протест, „Бојкотирам“ упати соопштение во кое бара од учесниците да се воздржат од било какви провокции, а ако забележат предизвикувачи на неред, да ги снимат со телефоните и да ги пријават кај најблискиот редар.

Истовремено, „Бојкотирам“ предупредува дека во последен момент протестот е поддржан од „групи чии насилни и провокаторски методи“ „Бојкотирам“ не ги поддржува.

„Хунтата и нивните полтронски групации имаат интерес да се вмешаат и преку вакви саботажи да ја оцрнат успешноста и вистинската цел на протестот. Во тоа нема да успеат ако сме внимателни“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top