| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски железници се подновуваат со 150 вагони

voz_srbija

Македонски железници ќе го обновуваат возниот парк со 150 нови товарни вагони. Се работи за нови вагони кои ќе бидат обезбедени со средства од ЕБОР, за кои тендерот за набавка е издаден пред три дена.

Денеска министерто за транспорт и врски, Миле Јанакиески, соопшти дека понудите се очекува да бидат доставени најдоцна до 10 септември.

– На овој начин ќе одговориме на домашните и регионалните потреби во транспортот и ќе ги задоволиме европските стандарди – истакна Јанакиески.

Инаку, инвестицијата ќе чини 50 милиони евра, а од нив за патнички вагони ќе бидат потрошени 15 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top