Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако на вработените им бил исплатен и вториот дел од октомвриската плата.
Со ова штрајкот на машиновозачите е во прекин и сите патнички и товарни возови ќе сообраќајат согласно редовниот возен ред, а првите возови ќе тргнат по 16 часот.
Вработените два дена штрајкува и бараа да им биде исплатен вториот дел од платата за октомври, како и навремено и целосно исплаќање на платите во иднина. Тие најавија дека доколку до 25 декември не им биде исплатена и ноемвриската плата, повторно ќе штрајкуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.