Работникот И.А. на возраст од околу 30 години од Злетово, кој беше тешкоповреден во експлозијата на висококатниците на турската компанија „Џевахир холдинг“ минатата недела, вчера им подлегнал на повредите во Оддеелението за интензивна нега при хируршките клиники во Скопје, потврдија од ова одделение.
Несреќникот, како што дознаваме, бил социјален случај, како и другот повреден. Никој не го посетил за времето додека беше во болницата.
Телото на починатиот е дадено на обдукција во Институтот за судска медицина за да се утврди точно како настанале повредите.
За среќа, другиот повреден, З.В. е во стабилна состојба, информираа од Одделението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.