| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески и Божиновски не дадоа повод и причина за да им се одреди притвор (ВИДЕО)

Адвокатката на Миле Јанакиески и на Кирил Божиновски Сања Алексиќ не зна за што разговарале нејзиниот клиент Миле Јанакиески и претседателот Ѓорге Иванов, но според соопштението на Кабинетот на претседателот јасно е дека немало посредници ниту валидни службени белешки на основа на кои Кривичниот суд определил притвор.

-Јас конкретно не знам за што разговарале тие, меѓутоа по даденото соопштение од Кабинетот на претседателот на Република Македонија кое беше објавено во текот на минатиот ден е јасно дека не станува збор за некакви посредници и валидни службени белешки на основа на кои овој суд определи притвор како на обвинетиот Миле Јанакиевски така и на обвинетиот Кирил Божиновски, рече Алексиќ денеска пред удот.


Таа додава дека одбраната секогаш соработувала со СЈО и смета дека притворот на Божиновски и Јанакиески им е определен поради неприсутноста на Груевски, бидејќи и двацата ги почитувале мерките на претпазливност определени во јули 2017 година.

-И судот во Стразбур по однос на истото има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ за да се определи притвор на некој друг, во конкретниот случај ниту на обвинетиот Миле Јанакиевски, ниту на Кирил Божиновски  кои што не дадоа ниту причина ниту повод да се определи притвор, бидејќи доследно и беспрекорно ги почитуваа мерките на претпазливост кои што беа определени во текот на јули 2017 година, што значи повеќе од една година.

Алексиќ рече и дека вчера се поднесени жалби за притворите на Јанакиески и Божиновски и побарано е одржување јавни седници на кои ќе ги истакнат жалбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top