| четврток, 6 декември 2018 |

И со нула отпад се создаваат уникатни модни креации во Македонија

Оумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје беше во фокусот на екологијата преку проектот #Sustainablestorymk. Започнавме да ја раскажуваме приказната за одржлив дизајн, употреба на нулта-отпад и покажавме како од текстилен отпад се добиваат уникатни креации, вели организаторот.

На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа осум млади дизајнери под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо која твори зад брендот „Phannatiq“ и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

Гостинките кои долго време работат на одржлива мода, на дизајнерите им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство .

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со несебичната поддршка од Македонско Модно Здружение, Министерството за економија на РМ, Министерството за култура на РМ , Британскиот совет како и партнерите „Текстилното трговско здружение- Текстилен кластер –Македонија“ во соработка со фабриките „Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“ и „Istkomerc Sanda“, „Monika“, Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ и „Сивус едукативен и развоен центар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top