Одбивањето од Самарас на предлогот од Никола Груевски за директни преговори, хрватскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Пленковиќза МИА потврдува дека тоа е единствениот проблем пред Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Пленковиќ има спротивен став од тврдењата на Самарас дека “Унијата, а не Грција, ја блокира Македонија“.
– Го разбирам проблемот што стои на патот на Македонија за отворање на пристапните преговори, бидејќи не станува збор само за името, туку и за прашањето на идентитетот. За жал, со вашиот пример се покажува дека правилото за едногласно одлучување на ниво на Совет на ЕУ не оди во прилог за едноставно решение на проблемот кој го имате со Грција, конкретен е Пленковиќ припадник од мнозинската Европска народна партија (ЕПП) во Европарламентот.
– Мој принципиелен став е дека билатералните прашања што не се поврзани со европското законодавство не треба да се мешаат со пристапниот процес на која било земја-кандидат за членство во ЕУ. Хрватска немаше добри искуства кога некои наши соседни земји-членки на Унијата, некои отворени билатерални прашања што немаа врска со правото на ЕУ, сепак ги ставија во контекст на хрватските преговори за членство, вели Пленковиќ за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.