| четврток, 6 декември 2018 |

Јарец со две кози се возеше во метро во Париз (Видео)

БИЗАРНО(Видео) Јарец со две кози се возеше во метро во ПаризОбјавено пред 3 часа – 14 ноември, 2018Од Макфакс

Човекот што денес во метрото во Париз внесе две кози и јарец предизвика застој во подземниот сообраќај поради што мораа да интервенираат безбедносните сили, според „Паризиен“.

Козите и јарецот се најдоа во метрото против своја волја бидејќи бездомник ги украл пред музејот „Лувр“.

Козите се дел од проектот на Град Париз за животните да бидат на тревникот пред „Лувр“.

Припадниците на обезбедувањето на метрото, сепак, многу се намачија додека да ги извадат козите и јарецот од возот во метрото, така што на крајот мораа да дојдат полициски единици со специјална опрема.

Парижаните што се најдоа на станицата или во возот ги фотографираа настаните и ги ставија на социјалните мрежи со шеговити коментари, иако некои доцнеа на работа бидејќи сообраќајот на таа линија беше речиси еден час во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top